Сандра Булок е под стрес секој ден

0

Животот на американската актерка Сандра Булок целосно се променил после посвојувањето на нејзините две деца.

Секоја мајка во светот, барем неколку пати има искусено чувство на страв и загриженост дека нешто лошо се случува со нивното дете. Од една страна, таков страв е нормален, но од друга страна, кога стравот станува прекумерен, тоа веќе може да создаде проблем. Холивудската ѕвезда Сандра Булок (54) призна дека никој не е имун на тоа.

Таа понекогаш премногу се обидува да ги заштите нејзините посвоени деца, синот Луис (8) и ќерката Лејла (6), бидејќи, како што таа вели, многу се плаши од помислата – што би можело нив да им се случи на училиште  За среќа, нејзиниот партнер Брајан Рандал (52), со кој што е во врска веќе три години, има разбирање за нејзината хистерија и секогаш пробува да ја смири.

Ѕвездата на филмот „Осумте на Оушн“ неодамна изјави „Мојот живот беше „ништо“ пред да ги посвојам децата. Да, имав убав живот, но разбрав дека тој не е ништо во споредба со овој сега, кога се појавија моите две деца во него“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com