Сакате да се венчате? Повелете во Мекдоналдс

0

Британските двојки во скоро време ќе можат да се венчаат во Мекдоналдс.

Не, Мекдоналдс не планираат да започнат свој сопствен свадбарски сервис (но, ако беа планирале, само замислете го кетерингот).

Вистината е дека двојките низ целата земја ќе добијат дозвола да стапат во брак во било која установа која им се допаѓа, било да е тоа во паб, во нивниот омилен ресторан или до кечап машините во најблискиот Мекдоналдс. Затоа што ништо не е поромантично од мрсна сендвичара.

Владиниот претставник Филип Хемонд ќе направи преглед на “застарените” закони за свадби, кои бараат придржување до строги и скапи правила за одржување свадби, со намера да се намалат трошоците за оваа церемонија, бидејќи сегашната просечна цена е околу £4.500 .

Очигледно тоа би значело дека парови ќе можат да се венчаат и на отворен простор. Така, сите љубители на музиката во суштина би можеле да ја спојат својата свадба со фестивал. Сепак, за да биде официјално место за венчавање, треба да се посвети одредена просторија каде што се одржува церемонијата. Сопствениците, исто така, мора да имаат свадбена лиценца и да се осигураат дека нема да се конзумираат алкохолни пијалоци еден час пред и за време на настанот.

Откако ќе се воведе ова, помалите сопственици на бизниси и синџири можат да си дозволат да добијат сопствена лиценца за свадба, а пониските цени може само да поттикнат повеќе луѓе да ги кажат своите завети.

Што се однесува до идејата на Мекдоналдс, има ли нешто друго во овој свет кое вели  “те сакам” повеќе од хранењето на својата поубава половина со Биг Мек?

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com