Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Руска ракета со проблеми, екипажот спасен

0

Американски астронаут и руски космонаут беа принудени на итно слетување откако нивната руска ракета „Сојуз“ се расипа на пат кон Меѓународната вселенска станица (ИСС). Набргу по полетувањето од космодромот Бајконур во Казахстан, Ник Хаг и Алексеј Овчинин известија за проблем со засилувачот на ракетите.

Тие биле принудени на „балистичко спуштање“ со капсулата стотици километри северно од Бајконур, каде што биле подигнати од спасувачите.

-Тимовите за пребарување и спасување достигнаа до вселенското летало „Сојуз“ и пријавија дека двајцата членови на екипажот се во добра состојба и се надвор од капсулата -соопшти американската вселенска агенција НАСА.

Русија соопшти дека ги суспендира сите летови со екипаж, и започна истрага за случајот.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com