Роман Абрамович добива партнер во „Челзи“?

0

 

Директорот на инвестионата компанија „ППФ Груп“, Петр Келнер, кој се смета за најбогат човек во Чешка, размислува да купи акции од фудбалскиот тим „Челзи“, којшто веќе долго време е во рацете на бизнисменот Роман Абрамович, инаку негов близок пријател. Преговорите меѓу двете страни се очекува да почнат во блиска иднина.

Веста за влегувањето на Келнер во лондонскиот клуб добива потврда од повеќе страни, а најупорни се Чесите, кои тврдат дека нивниот финансиски волшебник е длабоко навлезен во напорите да ја направи големата инвестиција и тоа во наредниве неколку дена.

Инаку, 54-годишниот Чех има своја ложа на Стемфорд Бриџ и често се гледа во друштво на Абрамович, наспроти тврдењата на претставниците на Челзи дека клубот не е на продажба.

На листата на Форбс, чешкиот тајкун е на 88 место на најбогатите луѓе во светот, со проценето богатство на нешто повеќе од 12 милијарди фунти.

Роман во 2003 година го купил „Челзи“ за 140 милиони британски фунти, кога клубот се наоѓаше фактички на дното и во предбанкротска состојба.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com