Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Роки Балбоа заминува во историјата?

0

Американскиот актер Силвестер Сталоне, најавува дека е дојдено време да се каже збогум на улогата што го направи суперѕвезда – боксерот Роки Балбоа, кого го играше во седум филмови.

“За жал сè мора да помине … и тоа е готово”, напиша Сталоне заедно со видеото што го постави на Инстаграм, само една недела по лансирањето на Creed 2 во САД.

“Ова е веројатно моето последно родео, тоа што се случи … јас никогаш не го очекував”, вели Сталоне (73).

Тој исто така додаде дека размислувал да раскрсти со Роки во 2006 година, но одеднаш се појавил “овој млад човек Мајкл Б. Џордан и целата приказна се смени”.

Сталоне во ликот на Балбоа се појави во шест филмови за Роки, од кои последниот во 2006 година, а потоа повторно во филмот “Крид: Легендата е роден” во 2015 година, каде што стана тренер на главниот лик Адонис Џонсон кого играше Џордан.

Во 2016 година, Сталоне го доби својот прв Златен глобус, 40 години откако беше номиниран како сценарист за првиот филм во серијата 1976 година.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com