Роботи ќе го остварат сонот на Жил Верн

0

Системите на вештачка интелигенција наскоро би можеле да се најдат и на места кои луѓето не ги посетуваат со задоволство, бидејќи кинеските научници планираат изработка на база во длабочините на Јужното кинеско море, со која би управувале роботи, односно системи на вештачка интелигенција.

Како што објави деновиве Саут Чајна Морнинг Пост, базата би можела да биде прва „колонија на вештачка интелигенција“ во светот, а локацијата би требало да се наоѓа на 11 километри под морската површина.

Замислено е на базата да постојат докови како во вселенските станици, од кои роботските подморници би се упатувале во истражувачки мисии. Ваквите активноти би биле повеќе од корисни, бидејќи водата покрива околу 70% од земјината површина, а од тоа е истражен само еден процент, најмногу поради тоа што досега човекот немаше соодветна опрема која би му помогнала да се носи со тешките услови на големите длабочини.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com