Роберт Де Ниро одбива да го игра Доналд Трамп

0

Холивудска ѕвезда Роберт Де Ниро изјави дека доколку некогаш му се понуди да игра улога на сегашниот американски претседател Доналд Трамп, тој веднаш ќе ја одбие.

Според зборовите на актерот, тој многу долго го проучува човекот кој што треба да го игра и секогаш наоѓа нешто што предизвикува чувство на емпатија.

Де Ниро изјави: „Во случајот на Трамп, јас секој ден пробувам да најдам нешто што предизвикува емпатија, но не успевам во тоа, тоа е едноставно невозможно“.

Тој додаде дека нема никакви симпатии кон сегашниот американски претседател Трамп. Актерот го нарекува Доналд Трамп „ужасен“ и „целосно аморален“ човек. Според Де Ниро, Трамп е опасност за САД и за демократските вредности во државата.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com