Ријана во нова љубовна авантура

0

За приватниот живот на 30-годишната Ријана, во последните неколку месеци малку беше познато. Минатата година, популарната американска поп-пејачка беше во врска со милијардерот од Саудиска Арабија – Хасан Џамил. Неколку пати беа фотографирани заедно, но на крајот од летото кружеа гласини дека двојката се разделила. Меѓутоа, пред само неколку дена, вљубените беа повторно забележани на вечера во Малибу. Пробувале да скријат дека се заедно и одделно го напуштиле ресторанот.

За врската помеѓу Ријана и Хасан се дозна кон крајот на јуни 2017 година, кога папараците ги „фатиле на дело“ како на одмор си разменуваат топли бакнежи и прегратки. Подоцна, стана познато дека пејачката го завела арапскиот милијардер додека тој бил заедно со супермоделот Наоми Кембел. Ни двајцата не коментираат ништо за нивната врска.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com