Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

РЕЦЕПТИ ПО ИЗБОР НА МИС

0

ПЕЧЕНО ЈАРЕШКО МЕСО

1 кг. јарешко месо ( од бутот и плешката), 1 кг. кромид, 4 дафинови листа, ½ гранче рузмарин, сол, црн пипер, 1 дл. масло за јадење, 1 литар пиво.

Измиеното месо се брише, се посолува, се посипува со црн пипер. Се пржи во врело масло целото парче месо додека да добие жолтеникава боја. Се додава кромидот исечен во резанки и се динста на умерена температура со додавање на пиво. Се динста околу 1 час. Се служи со варени компири.

МАРИНИРАНО СВИНСКО МЕСО

800 грама свинско филе, 1 дл. вињак, 200 грама моркови, сол, црн пипер, лук, мајчина душичка, 2-3 лажици путер, 2 лажици масло, 1/8 слатка павлака.
Морковите се ставаат да се варат во посолена вода. Во меѓувреме се меша вињакот со лажица масло, сол, црн пипер, мајчина душичка. Со оваа смеса се премачкува месото, се остава да отстои, при што постојано се премачкува со маринадата. Потоа филето нагло се прелива со маринадата и се пржи уште 15 минути. Месото се вади, се сече, а во мрснотијата се додава путер, павлака, лук и се вари. Исеченото месо се служи со варени моркови, варен ориз и брокула и се прелива со сосот.

ЈАГНЕШКО МЕСО СО ГРАШОК

850-900 грама грашок, 1 поголема главица кромид, масло за јадење, 1 лажица брашно, 1 кг. јагнешко месо од плешката, сол, црн пипер, магдонос.

Доколку користите грашок од замрзнувач или свеж, тогаш прво треба да се приготви тој, а доколку се користи од конзерва тогаш се друго се готви, а грашокот се додава на крај.
Кромидот ситно исечкан се пржи во масло. Кога е готов се додава грашокот и се пржи додека не омекне. Пред тоа, месото се става во посолена вода да се вари. Додека се вари месото, грашокот се динста со додавање по малку вода додека да омекне. Кога е готов се додава 1 лажица брашно и се промешува на оган, колку брашното да се запржи и се налева со супата од вареното месо. Се остава извесно време да се вари, потоа се додава месото исечено во парчиња, се додава сол, ако треба, црн пипер и сечкан магдонос. Треба јадењето уште некое време да крчка за да остане со малку сос. Се служи со кисело млеко и зелена салата.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com