„РАЈОТ ПОСТОИ – 15 ГОДИНИ АРТ ПОИНТ – ГУМНО“ ВО ДЕМИР ХИСАР

0

 

Во рамки на на манифестацијата „Демир Хисар град на култура, 2018“ во сабота 27 октомври, со почеток во 19 часот, во фоајето на Домот на културата во Демир Хисар, ќе биде отворена изложбата „Рајот постои – 15 години АРТ ПОИНТ – ГУМНО“. На изложбата ќе бидат претставени дела (слики-скулптури) од странски уметници изработени за време на нивниот престој во Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој АРТ ПОИНТ – ГУМНО од Слоештица кој оваа година слави 15 години успешно постоење. Селото Слоештица во изминатите 15 години постана  меѓународно „уметничко гумно“ кое беше домаќин на повеќе од 40 реномирани странски уметници.

Од богата уметничка колекција овојпат на изложбата „Рајот постои – 15 години АРТ ПОИНТ – ГУМНО“ ќе бидат изложени вкупно 18 уметнички  дела од исто толку автори досегашни учесници на  уметничката колонија во Слоештица. На изложбата ќе може да се види и првото уметничко дело изработено во Центарот АРТ ПОИНТ – ГУМНО- скулптурата „Ангелот чувар“ (2003), изработена од дрво и жица на германскиот уметник Хубертус Хес. Исто така, ќе бидат изложени дела на: Раед Ал Рави, (Ирак/САД), Памела Тол Валас (САД), Сет Ладман (САД), Паоло Гајад (Бразил), Елизабет Рос (Мексико), Герхард Штајнле (Германија), Александар Педовиќ (Србија), Јана Хунтерова (Словачка), Јан Тријашка (Словачка), Лоне Сиберг (Данска), Мишел Коноли (Австралија-Велика Британија), ГејлТастин(САД), Рози Њуман (Шкотска), Герлинде Пистнер (Германија), Мејси Лаградо Ротман (Германија/Филипини), Ајрон Мајрош (Унгарија) и Дик Робертс (САД).

Инспириран од Слоештица, Робертс ќе си креира втор дом и работно студио во селото, кое ќе постане негово живеалиште за време на неговите престои во Македонија.

Професорот пак на Ликовната академија во Братислава, Стано Бубан, за време на својот резиденцијален престој во АРТ ПОИНТ – ГУМНО во 2012-тата година има речено „РАЈОТ ПОСТОИ и тој се наоѓа овде, во Слоештица, Македонија“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com