Рајан Гослинг и Ева Мендес не сакаат нивната љубов да им ја засени кариерата

0

Додека повеќето холивудски парови ја „парадираат“ нивната љубов во јавноста, Рајан Гослинг и Ева Мендес ја задржаа својата седумгодишна романса речиси целосно надвор од центарот на вниманието.
“Тие се крајно приватни”, неодамна открил близок извор на двојката. “Нема да ги гледате низ град или со други познати личности многу често. Рајан сака да го задржи приватниот живот подалеку од дофат на јавноста”.
Но, зад затворени врати, родителите на ќерките Есмералда ( 4) и Амада (2) кои не се појавиле заедно на црвениот килим од 2013 година! – се посветени еден на друг. Втор извор додал: “Рајан е сосема заслепен од Ева. Неговата главна цел во животот е да ја направи среќна “. Тој во едно интерву за Ева има изјавено дека животот со неа е како „одење по поле полно цветови“, и дека таа е неверојатна личност.
Парот се запозна за време на снимањето на филмот „Местото под боровите“ („The Place Beyond the Pines“) во 2011година.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com