Рафа се повлече од Париз, Ѓоковиќ се врати на врвот

0

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го загуби првото место на АТП-листата откако реши да не настапи на Мастерс-турнирот во Париз. Рафа денеска требаше да се сретне со сонародникот Фернандо Вердаско, но неколку часа пред овој меч реши да не настапи поради болка во коленото.
Откажувањето од Париз значи и губење на важни АТП-бодови, без кои Надал ќе го загуби и врвот на АТП-листата. Имено, без оглед кој ќе го освои овој силен турнир, самото откажување на Шпанецот значи дека од почетокот на наредната седмица на врвот од новата АТП-листа ќе се најде Новак Ѓоковиќ.
Новак со влез во третото коло има веќе 7.535 бода, додека Надал изгуби 170 и на следната АТП листа ќе има 7.490 бодови. Без разлика што ќе направи против Дамир Џумхур во третото коло Ѓоковиќ ќе биде прв тенисер на светот.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com