Расел Бренд страдал од осаменост на врвот на својата кариера

0

Расел Бренд откри дека страдал од силна осаменост на врвот на својата кариера, но сега семејството „обезбедило решение“ за да не се чувствува сам.

43-годишниот комичар, кој сега има две деца со жена му Лаура Галагер, отворено зборува за тоа како се чувствувал изолиран и исклучен од општеството во раните 2000-ти, и покрај тоа што бил опкружен со безброј луѓе за неговата работа на телевизија. Говорејќи во видео-спот наречен „Справување со осаменоста“, што Расел го сподели во понеделникот, призна дека се чувствувал толку лошо кога бил сам, што се обидел да го надмине тоа со само-лекување со дрога – но супстанциите само ги влошиле работите. Тој сега е сосема трезен откако беше лекуван во клиника за рехабилитација за зависност од хероин и други дроги – мораше да научи како да биде сам на „посмирен“ начин.

-Можеби осаменоста е еден од оние модерни табуа, луѓето се чувствуваат малку засрамени да се чувствуваат осамени. Јас навистина бев навистина осамен до доста доцна во животот. Претпоставувам дека осаменоста значи дека не сте задоволни со луѓето кои се околу вас. Мое решение за тоа долго време беше да употребувам дрога кога бев сам. Тоа беше само привремено решение. Она што тогаш го направив е, научив да бидам сам на мирен и хармоничен начин, само обидувајќи се. Тоа е вид на работа со која треба да се практикува. Знаете, ако се чувствувате осамени, не се чувствувате засрамени од тоа, но размислете за тоа какви позитивни чекори може да ги преземете за да припаѓате на една заедница. Сега не сум осамен, насекаде гледам, ќерка, куче, личност. Семејството обезбеди решение. Можеби не секој може да биде толку среќен, но сите ние можеме да се обидеме и да им се приклучиме на заедниците, местата каде што можеме да бидеме искрени и да најдеме нови начини да се сакаме себеси, да се прифатиме себеси и да бидеме во ред со тоа што сме сами.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com