Разголениот глумец, актер и рапер е прoгласен најдобро облечен маж во 2018 година

0

Американскиот актер, рапер, писател и комичар Доналд Гловер, исто така познат како Childish Gambino, слободно може да биде прогласен и за моден гуру. Имено, британскиот магазин GQ го прогласи за најдобриот облечен маж во 2018 година.

Се разбира, ласкавиот наслов е благодарение на оригиналниот стил на облекување, но не се сомневаме дека тој беше потпомогнат од честите појавувања во јавноста без кошула. Малку иронично, нели?

„Доналд Гловер е ренесансен човек на новиот бран – а неговиот стил е врвен“, пишува весникот. Понатаму, GQ истакнува дека овој актер и музичар наоѓа инспирација во 70-тите години на минатиот век, но исто така и дека гардеробата на Гловер изгледа токму како што треба да изгледа гардероба на секој маж.

Оваа симпатична насмевка остави зад себе многу добро облечени мажи, како што се Дејвид Бекам, Џеф Голдблум или Травис Скот.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com