Работи кои што мора да ги направите во Прага

0

Главниот град на Чешка, Прага е една од најпопуларните туристички дестинации. Доколку, некогаш се најдете во овој магичен град, ќе разберете и зашто е тоа така. Со неговата посета, ќе добиете многу позитивни искуства, кои што ќе ги паметите до крај на живот. Ние составивме кратка листа од 6 работи, се со цел да ве потикнеме да го посетите овој прекрасен град.

1. Прошетка низ стариот град
Прво и основно, кога ќе пристигнете како турист во нов град, не заборавајте да ги проверите бесплатните туристички тури! Прага нуди многу тури низ Стариот град, Новиот град, Еврејскиот кварт и секако, ноќниот живот. Наједноставен начин како да ги најдете овие тури е да се упатите кон прекрасниот плоштад во Стариот град, каде што водичите многу лесно можат да бидат распознаени со своите шарени чадори кои ги држат во рака.

Prague, Czech Republic. Christmas Market in Stare Mesto old square, Tyn Church, Bohemia.

2. Ѕидот на Џон Ленон
Овој интересно насликан ѕид е скриен во мала уличка и е полн со уметност, која е поврзана со музиката на Битлси, Џон Ленон и неговото време. Уметноста почнала да се појавува во 1980-тите, кога младите Чеси на ѕидот ги пишувале своите поплаки за комунистичкиот режим. Нивните колективни движења, после краток период добија интензитет и беа наречени “Ленонизми”.

3. Пилснер Урквел и гулаш
Оригиналното Пилснерско пиво доаѓа од еден чешки град наречен Пилснер, кој е одалечен на еден час од Прага. Кога ќе правите пауза од пешачење, мора да испиете едно пиво Пилснер Урквел, кое може да се најде во било кој бар или паб и да ги пробате традиционалните чешки јадења како на пример, гулаш.

4. Прашки дворец
Прашкиот дворец величествено седи високо на ридот. Доколку се искачите и од горе го насочите вашиот поглед кон реката, за прв пат навистина ќе се почувствувате како да сте во некоја бајка.

5. Утрински прошетки на Карловот мост
Има нешто посебно убаво, кога се будите пред остатокот од градот и ги гледате улиците во поинакво светло. Ако успеете да поминете на „Карлов мост“ наутро пред 7 часот, на него може само да забележите луѓе што џогираат или професионални фотографи со стативи, но исто така, ќе се почувствувате како мостот да ви припаѓа само на вас. Ако барате малку да се смирите од поминатите стресни денови, токму ова релаксирачко и медитативно нешто може да се направи.

6. Вечерни прошетки и барови
И, конечно … листата нема да биде полна, доколку не го спомнеме ноќниот живот во Прага. Прага може да биде многу дива и луда, таа е популарна дестинација за забави и клубови. „Pub Crawl“ во Прага е еден од најголемите во Европа. Водичите ќе ве однесат во сите најдобри места во градот и доколку сте дел од „ Pub Crawl“ добивате слободен влез и пијалоци во секој клуб.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com