Работи за Џеки Чен што не сте ги знаеле

0

64- годишниот актер Џеки Чен призна некои работи за себе од кои ќе останете шокирани.

Што се однесува до неговиот личен живот, најпопуларниот кинески актер бил многу дрзок  и не можел да го контролира својот гнев кон жените и одвратно ги третирал. Тој спиел со огромен број проститутки и многу често возел во нетрезвена состојба.

Џеки Чен бил параноик, ги криел сите скапи работи од својата сопруга, мислејќи дека таа е со него само поради неговите пари.

Моменталниот статус на актерот изнесува 350 милиони американски долари, но за да постигне таков успех, тој морал многу да жртвува. Како тинејџер имал многу променлив и лош темперамент, поради тоа, неговиот татко  бил приморен да го испрати во интернат. Но, тоа никако не му помогнало, Чен продолжил да ги избегнува студиите. Поради овие пропусти, Џеки Чен сè уште не може да чита, пишува и брои.

Во 1973 година, Чен ја започна својата актерска кариера и првите заработени пари ги потрошил на проститутки и коцкање.

Во 1981 година, актерката Џоан Лин родила дете од Џеки Чен, но тој во текот на целата бременоста никогаш не ја посетил. Актерот сметал дека девојката намерно останала бремена, па затоа тој постојано размислувал како да го скрие своето богатство од неа. И покрај се, актерката Џоан Лин му простила на Џеки Чен, но тој пак ја заменил со друга жена.

Но, ова не е единствената семејна драма што се случи во животот на Чен. За време на силна караница, тој го фрлил својот син низ собата.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com