Пјонтек доби помош од видео-игрите

0

 

Младиот полски фудбалер Кшиштоф Пјонтек, летово од  фудбалскиот клуб „Краков“ се пресели во италијанскиот фудбалски клуб „Џенова“, каде што игра со нашиот најдобар играч Горан Пандев.

Трансферот можеше ненадејно многу да се искомплицира, бидејќи Пјонтек не знаел ниту еден од неговите нови соиграчи. Но, тој со помош на „Плеј-Стејшн“, многу лесно го решил овој проблем.

Кшиштоф Пјонтек, перспективниот полски напаѓач минатата година и пол даде 21 гол за полскиот клуб „Краков“. Овие добри резултати му овозможија на фудбалерот да направи убав трансфер во Италија. Во интервју за порталот „Кориере Дела Сера“, тој призна дека кога се преселил во новиот клуб, не знаел ниту еден од неговите нови соиграчи. Откако го потпишал новиот договор, веднаш вклучил „Плеј-Стејшн“ и почнал да истражува со кого ќе игра во „Џенова“.

Денес е веќе миленик на навивачите на својот нов клуб.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com