Путин откри дека еден ден повторно ќе се ожени

0

На годишната прес-конференција со рускиот претседател еден новинар праша дали Путин некогаш повторно ќе се ожени и со кого?

Путин првин го праша новинарот дали и самиот е женет, а бидејќи одговорот беше потврден, претседателот рече: „Ете, гледате, оженет е и сака и мене да ми биде исто како нему“, со што ја насмеа публиката.

„Како честит маж и јас некогаш ќе го направам тоа“, додаде Путин, но го прескокна одговорот на прашањето со кого.

Во 2014 година тој се разведе по 30 години брак со поранешната стјуардеса Људмила, со која има две ќерки – Марија и Екатерина. Претседателот многу грижливо внимава на личниот живот.

„Си имам свој живот и нема да дозволам некој да ровари низ него“, има изјавено во неколку наврати. По разводот тој се појавува сам на јавни места.

Сепак, тврдат упатените, тајната пријателка на Путин сепак постои. Медиумите усеаја да ја уловат само еднаш, кога се обидоа да ја снимат жената во автомобилот на рускиот претседател. Но, тој веднаш успеа да ја затвори вратата на автомобилот, така што на снимката се гледа само црвена дамска ташна, но која е таа, никој не знае.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com