Публикувани четири стихозбирки и еден роман од Никодин Чернодримски

0

 

Деновиве излегоа од печат стихозбирките „Протеран од рајот“, „Недовршена вистина“, „Копиле на судбината“ и „Големиот летач“, како и романот „Пред Олтарот на љубовта“ од Никодин Чернодримски, уметничкото име на авторот Трајче Јованчески од Скопје.

„Да прочиташ една песна значи дека си видел еден мал фрагмент од душата на поетот, да се прочита цела стихозбирка значи да се види душата на поетот во целина. Главната цел кога ги пишував стихозбирките, ми беше да се „соголам“ пред читателите, давајќи ја на увид целата душа. Бев свесен дека пишувањето на поезија е една волшебна игра со зборови и како што пишував, така играта стануваше се поинтересна. Вам ви ги оставам напишаните зборови свесен дека читајќи ќе ги допрете сите невидливи светови, влегувајќи несвесно во вретеното на времето“ ќе запише Никодин Чернодримски.

За својот роман, пак, тој ќе рече дека е фантастичен спој на верата, љубовта, магијата и мистиката на патот до самопронаоѓањето, како еден од најдобрите патишта до духовното воздигнување.

Во биографијата на овој мошне плоден автор уште е наведено дека неговото творештво се состои од други 88 дела (стихозбирки, новели, драми, монодрами збирки раскази, хроника и автобиографија) кои се веќе веќе комплетни и публикувани во електронска форма и поставени на повеќе сајтови како Македоника, Creative commons, Scribid , Issuu.com и други. Во фаза на завршница се други 12 дела.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com