ПТИЦИТЕ ВО ВАШАТА ГРАДИНА

0

 

Благодарение на градината можеме да се релаксираме,разладиме и одмориме во овие жешки летни месеци.Во опуштањето, секако ни помага пеењето на птиците.Меѓутоа, ако во Вашата градина има само врапчиња,нема ниту една друга птица,најверојатно е дека истиот е премногу уреден.Поради тоа, Ви нудиме неколку совети,кои ќе придонесат Вашата градина да биде што побогата со птици и исполнета со нивното црцорење.

Би можеле во некој агол да оставите неколку гранки,не треба да го соберетесекој отпаднат лист од дрвјата и грмушките и не ја кастрите живата ограда постојано.

Потребно е да има густи приземни грмушки,или оние што раѓаат бобинки и семки.За да се вгнездат,птиците треба да ги заштитиме и од мачки.За таа цел околу стеблата на дрвата поставете бодликава жица, а околу гнездата на птиците кои се на самата почва може да ставите крпи нтопени во петролеј.Тоа ќе ги одбива мачките, а птиците речиси нема да го почувствуваат тој мирис.Птиците не сакаат да бидат вознемирувани додека лежат на јајцата,дури ниту оние кои не се плашат од близината на човекот.

Птиците не само што даваат живот на градината,туку едновремено се чинители во борбата против инсектите.

Сеницата и чучулигата,своите гнезда ги прават во дупките,но секако би се вселиле и во  куќичките кои претходно сте ги направиле за нив.Сеницата по цел ден скока од гранка на гранка и неуморно ги уништува штетните инсекти.Чучулигата исто така ги уништува штетните инсекти,меѓутоа ако ги има повеќе во овоштарникот ќе станат вистинска напаст,постојано подржувајќи ја песната на другите птици.Грмушата своето гнездо го прави во грмушките со трње,а нејзината песна е долга и мелодична.

Сторете нешто да ги привлечете птиците во Вашата градина, а тие богато ќе Ви возвратат и ќе Ви го направат попријатен престојот во градината.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com