Психолозите ја објаснија популарноста на играта „Тетрис“

0

„Тетрис“ е најпопуларната и најуспешната видео-игра во историјата, а неодамна научниците од „Универзитетот во Калифорнија“ објаснија зашто е тоа така. Тие сметаат дека оваа игра е идеална занимација и ви овозможува да избегате од сите непријатни мисли и од секојдневниот стрес.

Американските психолози под раководство на Кејт Свини открија дека, „Тетрис“ е една од најдобрите игри за префрлување во состојба на „поток“. Оваа состојба ви овозможува целосна концентрација на тековните активности, човекот практично заборава за надворешниот свет и е целосно вклучен во нов процес.

За да се одржи оваа состојба, мора тоа што го правите во моментот да биде полесно и постепено да станува покомплицирано. Во „Тетрис“, овој принцип на постојано зголемување на нивото на сложеност се спроведува многу добро и јасно. Оваа заразна занимација, има многу важни и корисни својства, од кои едната е надминување на анксиозноста и намалување на нивото на стрес во периоди на вознемирено чекање.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com