Професор го превесла Атлантикот

0

Американецот Брис Карлсон постави нов брзински рекорд во веслање преку Северниот Атлантик. Овој 37-годишен професор по биологија од Синсинати само со снагата на своите мускули во чамец од шест метри го мина растојанието од 3218 километри од Сент Џонс во Канада до Сент Мерис Харбур во Велика Британија за 38 дена, 6 часа и 49 минути.

На тој начин, за 15 денови го подобри стариот рекорд кој 2016 година го постави Лавал Сен Жермен.

Карлсон е сестран спортист, кој досега учествувал на 150 маратони и ултрамаратони, а во 2015 година во хуманитарни цели за пет месеци го истрча растојанието од Лос Анџелес до Вашингтон.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com