Пронајден запален автомобилот со кој бил извршен грабежот на НЛБ банка во Чаир

0

Припадниците на Министерството за внатрешни работи го пронашле автомобилот со кој се превезувале крадците но тој е целосно изгорен. Автомобилот бил пронајден после два часа откако крадците го нападнале обезбедувањето на банката, но сеуште не е познато дали четворицата маскирани и вооружени лица успеале да ги земат парите.

Весникот Коха од официјални полициски извори успева да дознае дека во близина на реката Серава кај гробиштата во Бутел пронајден е изгорен автомобил “Голф 5” со сива боја, додека во експозитурата на банката во Бутел 2 продолжува со истрагата, а се трага по 4 лица.

Кражбата, се случила околу 9 часот, додека пак крадците палејќи го Голфот, успеале да си заминат со друг Голф 5 во засега непозната насока.

Министерството за внатрешни работи информираше дека во текот на денот ќе излезат со повеќе детали за настанот.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com