Промоција на стихозбирката „Во мојот свет“

0

Во организација на Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром – ВО МОЈОТ СВЕТ, во четврток, 18 април 2019 година, во 19 часот, во ресторанот Umbrella (ГТЦ), ќе биде промовирана поетската збирка ВО МОЈОТ СВЕТ, чиј автор е Валентина Попоска, мајка на Симона Попоска, на која и е дијагностициран аутизам.

Издавач на изданието кое е финансирано од Шпаркасе банка е Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром ВО МОЈОТ СВЕТ. Рецензент и промотор на поетската збирка е поетесата м-р Анита Бошкова.

Предвиден е и музички дел на програмата со учество на естрадната уметничка Сузана Турунџиева, на пијано, како и на студенти од Музичката академија на професор Дарко Багески, на гитара.

Издавањето на збирката ВО МОЈОТ СВЕТ е во рамките на повеќегодишната кампања на Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ – ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ, чија цел е подигнување на свеста за аутизмот.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com