Промоција на „Новогодишни детски песни“ од Марина Мијаковска во Радовиш

0

В сабота (24 ноември) во Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во Радовиш, со почеток во 10.30 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Новогодишни детски песни“ од Марина Мијаковска. Промотор на книгата е д-р Христо Петрески.

„Новогодишни детски песни“ е прватa книга на Мијаковска наменета за најмладата популација. Во неа има четириесет песни за деца од различни возрасти, таа е повеќенаменска, интерактивна и ја развива креативноста кај децата. Мијаковска им нуди можност на децата да ги читаат песните, да ги обојат новогодишни илустрации и низ игра самите да напишат песна од најголемите новогодишни желби.

Промоторот Христо Петрески за „Новогодишни детски песни“ заклучува дека: „Книгата е едукативно-дидактичка (поучна и практична) и претставува еден мал водич, прирачник, поетска боенка, забавник“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com