Промоција на Новогодишните песни од Марина Мијаковска и во Штип

0

В петок, 14 декември, во 16.30 часот, во НУ „Гоце Делчев“ во Штип, ќе се одржи промоција на книгата „Новогодишни детски песни“ од Марина Мијаковска. Промотори на книгата се проф. д-р Јованка Денкова и Трајче Кацаров. Промоцијата на „Новогодишни детски песни“ ќе биде збогатена со изведба на новогодишна претстава направена според песните од книгата на Мијаковска.

Стихозбирката „Новогодишни детски песни“ е наменета за најмладата популација. Во неа има четириесет песни за деца од различни возрасти кои ги воспеваат новогодишниот амбиент во Македонија и празнувањата и обичаите за Нова Година. Книгата е дидактичка, интерактивна и ја развива креативноста кај децата. Мијаковска им нуди можност на децата да ги читаат песните, да ги обојат новогодишните илустрации и низ игра самите да напишат песна од најголемите новогодишни желби.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com