Промоција на „Небесна пантомима“ од Зоран Анчевски

0

 

Во библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово, вечерва во 19 часот, ќе биде промовирана збирката поезија на Зоран АнчевскиНебесна пантомима“, во издание на Темплум. Книгата ќе ја претстави писателот и литературен критичар Оливера Ќорвезировска , а стихови ќе чита артистката Кети Дончевска Илиќ.

Поетот и преведувач Зоран Анчевски за книгата „Небесна пантомима“ е годинешен добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, за најдобро поетско остварување меѓу два фестивала.

Зоран Анчевски е значаен македонски поет, есеист, литературен преведувач и професор по англо-американска литература. Досега ги има објавено стихозбирките: „Патувања низ скршени слики“ (1984), „Стратегија на поразот“ (1994), „Линија на отпорот“ (1998), „Превод на мртвите“ (2000), „Див мир“ (2004), „Избрани песни“ (2008), „Историја на ветрот“ (2009), како и обемната студија „За традицијата“ (2007). Преведувач е и уредник на голем број поетски антологии, избори и прозни дела на врвни светски автори на македонски јазик.

За својата преведувачка дејност ја има добиено наградата Григор Прличев во 2001.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com