Промоција на Лоба в понеделник

0

В понеделник ќе се одржи промоцијата на првиот студиски албум на Викторија ЛобаНов свет“, и тоа во две изданија – македонска и англиска верзија. Промоцијата ќе се одржи во ресторан „Four“ со почеток од 19 часот.

Албумот е сниман во M-Sol Records Studio, Just RB Studio и студио Јованови. Музички продуценти се Марга Сол и Роберт Билбилов.

Досега од македонскиот албумот се издадени песните „Опиум“, „Херој“,  ремикс од „9 работи“, како и интересни соработки со познатите Роберт Билбилов и Тајзи , дуетите „Ти си виновна“ и „Каде сме ние“.

Англиската верзија, пак,  ќе биде целосно изненадување за македонскиот пазар.

Албумите ќе бидат достапни worldwide преку сите дигитални и стриминг сервиси. На онлајн продавницата на македонската издавачка куќа M-Sol Records (www.m-solrecords.com) албумите ќе можат да се купуваат дигитално и на механичко ЦД, со достава низ Македонија. 

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com