Промоција на книгата „Хрониките на Арслан Новинарски“

0

На 7 ноември (среда), во 20 часот, во Младинскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгата „Хрониките на Арслан Новинарски“ од Иван Шопов, во издание на Темплум. Tекстовите застапени во книгата се објавени во периодот 2012-2018 на интернет порталот Окно во рубриката Пара вести.
За четвртата книга на Шопов пред присутните ќе говори Ѕвездан Георгиевски, а извадоци ќе чита Ѓоко Здравески.
Во рецензијата за книгата Владимир Јанковски има запишано: „Хрониките на Арслан Новинарски“ е духовит сеизмограф на нашето време. Овие текстови во годините што следуваат ќе можат да се читаат како еден вид исчашена алтернативна историја на она што ни се случуваше во изминатите десетина години. Алтернативна историја, која додека ја читаме ќе нѐ засмејува, но често во таа насмевка ќе има и горчлива нишка“
Иван Шопов завршил општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а досега ги објавил збирката раскази „Азбука и залутани записи“ (2010), збирката песни во проза „Меше на годината“ (2012) и збирката раскази „091 – антиразгледници од Скопје“ (2017). Пишува и поезија и хаику. Расказите и песните му се преведени на англиски, романски, чешки, српски, хрватски, германски, словенечки и бугарски јазик.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com