Промоција на книгата “Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони” 

0

На 31 октомври 2018 година, во 12 часот, во конференциската сала на НУ Музеј на македонската борба – Скопје, ќе се одржи свечена промоција на книгата “Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони” од авторот Ангелина Поповска, советник конзерватор при НУ Националниот конзерваторски центар во Скопје.

Книгата говори за   конзерваторската практика и нејзиниот континуиран развој во нашиот регион и во неа е презентиран  пресекот на 70- годишната практика во конзервацијата  на икони преку призмата на Охридската збирка.

Книгата е поддржана од Министерството за култура на Р.Македонија, а ја публикуваше  издавачката куќа “Каламус”-Центар за културно и духовно наследство .

Промотори се проф.д-р Драган Булатовиќ, од Филозофскиот факултет во Белград, Србија и управник на Центарот за музеологија и херитологија во Белград и проф.д-р Елизабета Димитрова од Филозофскиот факултет во Скопје, Институт за историја на уметност и археологија.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com