Промоција на збирка поезија од Драгица Пандиловска

0

Утре (1 ноември) во Салонот 19,19 при Културно информативниот центар во Скопје, ќе се одржи промоција на збирката поезија „Срмените воздишки на љубовта“ од Драгица Пандиловска.
Книгата ќе ја промовираат проф д-р Александар Прокопиев и ликовниот уметник, хуманистот Живко Поповски Цветин. За настанувањето на оваа збирка песни и за нејзините посебности пред присутните ќе проговори и самата поетеса Пандиловска.
Модератор ќе биде Благојка Филипчева, а стихови од книгата ќе чита артистката Христина Стефановска.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com