Промовиран „Дневникот на една планинарка“

0

Вечерва во Младинскиот културен центар беше промовирана книгата на Калина Велевска, „Дневникот на една планинарка“, во издание на „Нова Македонија“. Станува збор за збирка патеписни репортажи кои во текот на повеќе од три години премиерно беа објавувани на страниците на Мис. На промоцијата беа присутни многу луѓе, планинари, љубители на природата и нејзините најблиски.

За книгата зборуваа таткото на Калина, Марјан Велевски, кој го приреди материјалот за објавување, нејзината пријателка,  новинарката Биљана Стојановска, како и професорите Ѓоко Здравевски и Владимир Мартиновски, а извадоци од книгата читаше Виктор Велевски..

Собраните средства од продажбата на книгата ќе се донираат за подобрување на безбедноста на планинарите.

Калина Велевска и Александар Миновски загинаа пред една година при искачување на Кајмакчалан.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com