Продолжува серијата насилства: Избодено 13-годишно момче во Скопје

0

Во понеделникот вечерта 13-годишно момче било избодено со нож во Скопје, а во моментот се опоравува во Градската болница.

Имено, во 22.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред бурекџилница на ул.„Емин Дураку“ неколку непознати лица физички нападнале 13-годишно момче од Скопје.

Притоа, едно од лицата со остар предмет му нанел убодни рани во грбот и левата рака. Малолетникот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана помош и бил задржан на лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com