Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Продолжуваат посрамотувањата на семејството Маркл

0

Саманта Маркл, полусестрата на Меган, наводно, се оддалечила од вратата на војвотката по непоканетата посета.

Саманта, 53, отиде во Велика Британија, со цел да се соочи со својата полусестра, но според сликите се чини дека се соочи со ѕид на тишина по непријатната средба со обезбедувањето на палатата. Овој потег ја вознемири Саманта, која страда од мултиплекс склероза.

Бизарни слики покажуваат дека Саманта држи маски на Хари и Меган што ги купила од продавница за сувенири откако одбила да ја напушти кралската област.

Саманта слета две недели откако официјални претставници на палатата добија писмо во кое таа вели дека нејзиното однесување ќе „ескалира“ ако не се состане со војвотката, пишува таблоидот „Мирор“.

Ова е најновата во низа високопрофилирани јавни судири со палатата по тековната семејна расправија со нејзината полусестра и татко, Томас. Еден извор за „Мирор“ изјави: „Тековната расправија помеѓу Меган, нејзината сестра и нејзиниот татко досега се одигрувала во јавни интервјуа и комуникации преку Атлантикот преку помошници и претставници. Ова беше огромен чекор од страна на сестрата на Меган да зборува лице в лице со неа, а фактот што беше одбиена зборува многу. Ова е физички најблиску што Меган дошла до таа страна на нејзиното семејство, откако таа се омажи за кралското семејство, но на персоналот на палатата му беше јасно наложено да не ѝ дозволи пристап“.

Саманта, која беше туркана со инвалидска количка од страна на нејзиниот партнер, се приближи најмногу што можеше до Хари и Меган, но овој потег веројатно ќе предизвика само лутина од кралската страна.

Посрамотувањата на семејството Маркл оди од крајност во крајност, а Палатата е во исчекување на нивниот следен чекор.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com