Програмирано расипување

0

Самсунг и Епл намерно ги забавуваат своите мобилни телефони за да можат корисниците да купат нови, а сега треба да платат казна од пет милиони евра!
Напредниот дефект на уредот веднаш по истекот на гаранцијата, за жал, е потрошувачка реалност, според последниот случај од Италија.
Локалниот суд, наводно, ги казни Самсунг и Епл со парична казна од десет милиони евра (пет милиони евра по производител), бидејќи е докажано дека намерно ги прават поспори нивните уреди, откако корисниците го ажурираат нивниот оперативен систем.

Затоа, корисниците се принудени да купат понов модел на мобилен телефон.
Според хрватската претставничка во Европскиот Парламент, Билјана Борзан, дури 92 проценти од граѓаните на Франција сметаат дека производите што ги купуваат се програмирани да траат пократко или да истечат веднаш по истекот на гаранцијата. Истражувањата покажаа дека машините за перење се програмираат на одреден број вртења, телевизорите за неколку илјади работни часа, а печатачите печатат одреден број страници. Потоа, тие се расипуваат, а недостасуваат резервни делови, па ние сме принудени да купиме нов апарат.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com