Прогласен ресторанот со најдобар бургер во Скопје

0

Натпреварот „Burger Wars“ спроведен од Reborn.mk, на кој ресторани се натпреваруваа за титулата „Најдобар бругер во Скопје“, официјално заврши во неделата (16 декември).

Ресторанот победник беше одреден преку гласови од публиката и оцени на четиричленото жири. Публиката гласаше така што со секој нарачан бургер во рестораните учесници, за време на натпреварот, беше доделувано гласачко ливче, на кое гласачот можеше да го оцени дегустираниот бургер на скала од 1 до 10.

Судиите, односно Гоце САФ, Софка Камилоска, Бобан Симоновски и Моника Потер, имаа прилика истовремено да ги дегустираат и оценат бургерите на секој ресторан, земајќи во предвид неколку критериуми: вкусот на лепчето, сосот, месото, изгледот и севкупниот квалитет на бургерот.

Во натпреварот учествуваа 11 ресторани од Скопје, а вкупно беа изедени неверојатни 1809 бургери во текот на една седмица. Од нив, првото место со највисоки оцени од публиката и жирито го освои Ресторан Маџо 2.0. Победникот, воедно, имаше продадено и наголем број бургери, односно 349, иако тоа не влијаше врз одредувањето на крајните оцени.

Второто место го освои ресторанот M’s Fish&Chips. Кај нив, од вкупно 301 продадени бургери во текот на наптреварот, 218 гласачи го оцениле бургерот со 10 ѕвезди. Тоа го прави овој ресторан со најмногу 10-ки добиени од публиката. Третото место пак, според жирито и според публиката, го освои ресторанот Rock Kafana Rustikana 2.0.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com