Провалил во „Ренџ Ровер“ ама газдата токму тогаш излегувал од кафеана

0

Крадец кој во Србија се бара заради кражби, минатата среда се обидел да украде „Ренџ Ровер“ вреден околу 100.000 евра во скопската населба Дебар маало, но бил спречен од сопственикот на автомобилот. Обидот за кражба се случил на улицата „Орце Николов“ при што крадецот имал помош од уште едно лице чиј идентитет за сега не и познат на полицијата.

Заради овој случај, Основното јавно обвинителство на Скопје отвори истражна постапка за кривичното дело тешка кражба и побара од судот на сторителот да му биде одредена мерка притвор.

– Осомниченото лице со употреба на штрафцигер го скршил задното десно стакло на паркирано патничко моторно возило „Ренџ Ровер“, сопственост на правно лице. Потоа влегол во возилото и со електронски уред за декодирање и клуч за стартување се обидел да го стави возилото во погон. Во тој момент, од блискиот угостителски објект излегол сопственикот и го затекнал осомничениот во возилото, со што го спречил во намерата. Притворот е единствена соодветна мерка за да се обезбеди присуство на осомничениот во текот на истражната постапка, соопштија од Обвинителството за овој случај.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com