Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Проблемите со надворешниот изглед се одраз на тоа што се случува во внатрешноста

0

Кршливи нокти, oпаѓање на косата и дехидрирана кожа – се случуваат кај сите нас. И понекогаш, без разлика колку креми или шампони користите, никогаш не изгледа дека помага. Тоа е затоа што поголемиот дел од времето, она што се случува од надвор е одраз на она што се случува во внатрешноста. Значи, на тоа треба да поработиме.

Дехидрирана кожа

Сува кожа и дехидрирана кожа се две различни работи. Сува кожа обично е појава на грубост или снегулки на кожата и може да се смири на површината на кожата со соодветни креми – тоа е обично наследна кожа. Сувата кожа се јавува кога кожата има недостаток на масло на нејзината површина, додека дехидрираната кожа се јавува кога има недостаток на вода. Хидрирана кожа изгледа подебела и здрава, додека дехидрираната кожа ќе го зголеми појавувањето на фини линии и брчки. Како што знаеме, маслото и водата се две многу различни работи, па обидот да се смири дехидрираната кожа со масни креми е залудно.

Добар начин да се каже дали сте дехидрирани е со нежно затегнување на кожата на задниот дел од вашата рака, ако се врати на своето место веднаш, тоа е добро, но ако потрае некое време, тогаш сте дехидрирани. Најдобар начин за хидратација на кожата е пиење многу вода, но, исто така, можете да го добиете и од вашата храналубеницата, јагодите, зелената салата и дињата содржат меѓу 90-99% вода. Пиење кофеин и алохол, исто така, може да предизвика дехидрација, па обидете се да не консумирате или консумирајте помали количини.

Кршливи нокти

Кршливи, меки, тенки нокти кои се подложни на разделување и кинење не се само досадни, но исто така се познати и како онихошизија. Оваа состојба може да биде предизвикана од голем број надворешни фактори, вклучувајќи јаки средства за отстранување лак, прекумерна употреба на сапуни, а секако влијаат и некои внатрешни фактори, како недостатокот на железо. Зголемувањето на железото во вашата исхрана е многу важно бидејќи железото е потребно во телото да се направи хемоглобин, дел од црвените крвни клетки што го транспортираат кислородот и јаглерод диоксидот преку вашето тело. Тоа звучи навистина научно, но не грижете се, има едноставно решение – јадете зелени зеленчуци и индиски ореви, а за нашите вегани, тофу е одлично! Се разбира, секогаш има додатоци, но добивањето на витамините од храна е дефинитивно најефикасна опција.

Опаѓање коса

Постојат стотици третмани за опаѓање на косата, но понекогаш тоа може да биде наследно. Ако ви опаѓа косата и нема врска со состојбата во вашето семејство, постојат и други работи што би можеле да бидат причина за тоа.

Несаканите ефекти од лековите, стресот или оштетувањето при обликување на косата, иако вашите хормони се избалансирани, исто така може да влијае на вашата коса. На многу жени им опаѓа косата после бременоста поради хормоните кои вашето тело ги создава во текот на овој период. За жал, во повеќето случаи, вие само треба да го пребродите тој период додека не се избалансираат хормоните, но лекарите, исто така, можат да помогнат со хормонска терапија и лекови ако е потребно.

Мрсна коса

Мрсната коса не може секогаш да се измие. Таа се јавува кога вашиот скалп предизвикува прекумерна количина на себум од лојните жлезди, па така, природно, справувањето со проблемот значи да се победи одвнатре.

Цинкот е природно присутен во нашето тело, му помага на имуниот систем и ја намалува количината на масти во нашите коси. Со внесување на храна што содржи цинк му помагате на организмот да лачи помалку секрети на од вашата глава. Цинкот е состојка во црвени меса, град, ореви и разни зрна, млечни производи и црно чоколадо.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com