Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Причини зошто треба да ја посетите Будимпешта оваа есен

0

Есента носи нови чоколадни десерти, локална верзија на Баварскиот Октоберфест, јавни церемонии, фестивал на современа уметност и голем број  атракции кои може да ги откриете во прекрасната Будимпешта оваа есен. Во прилог ќе прочитате интересен водич за тоа како да уживате во главниот град на Унгарија за време на есента.

  1. Посетете изложба

Додека актуелната изложба во Националната галерија ги привлекува посетителите да се собираат за Фрида Кало, музејот се подготвува да биде домаќин на уште една голема атракција. Од 9-ти октомври, делата на Бекон, Фројд и Лондонската школа ќе ги нагласат фигуративните техники на сликање, наспроти авангардните стилови. Во меѓувреме, патувачката изложба „Mummies of the World“ обезбедува прозорец во изгубени цивилизации со презентирање на добро сочувани тела од Јужна Америка, древниот Египет, па дури и Унгарија.

  1. Вечерајте во ресторан во унгарски стил

Во пресрет на гастрономскиот „бум“ во Будимпешта, унгарската кујна исто така ја доживува својата ренесанса и сé поголем број ресторани се фокусирани на пресоздавање на старите омилени рецепти. Неодамна отворениот „Zuzu“ оживува полнети пиперки и печени пилешки копани со употреба на посовремени техники. Нивната најсовремена кујна, вклучува гулаш и традиционална торта на менито за дегустација. Дури и легендарниот ресторан „Гундел“ сега има преработено мени, пренесувајќи го густиот црн дроб и пилешкото чорба на поголеми височини.

  1. Уживајте во сопствениот „Октоберфест“ на Будимпешта

Помеѓу 27 и 30 септември, патеката за тркање на градот- „Кинчема Парк“ се трансформира во весел фестивал на пиво: Октоберфест. Мини забавна атракција за помладата популација од типот на луна парк, трки со коњи, камиони за храна се само дел од активностите кои се организирани. Влезниците на Октоберфест се достапни на веб-страницата на настанот и на самото место.  Годинава можеби го пропуштивте, но имајте го во предвид за наредната.

  1. Поминете го неделното попладне во римска вила

Вилата Херкулес е уникатна конструкција опремена со луксузни делови, како што се проточна вода, грејни подови, канализациски системи и разновидни комори за приватна употреба и забава на гостите. Оваа вила, која порано припаѓала на непознат член од најгорниот слој на антички Рим, била откриена од страна на градежните работници во 1958 година за време на градбата на тогашната нова училишна зграда. Најзачудувачка содржина се мозаиците, кои покажуваат извонредно изработени ликови, толку различни што се движат од Купидон до боксер што крвари. Оваа обновена локација од римската ера е отворена за посетителите секоја недела до 28-ми октомври, од 11 до 13 часот.

  1. Научете зошто унгарскиот народ ужива во „седенки“ на чај

Сезоната на чашите за затоплување на душата брзо се приближува. Понудена во неколку врвни кафулиња, „Жао Жу“ сега се смета за водечки бренд за чај во Будимпешта и во изложбениот салон на брендот, гостите можат да ги испробаат сите нивни вкусови. Редовните чајни училишта и работилници обезбедуваат уште поголем увид. Во близина на Градскиот парк, „Teavolution“ ги загрева срцата со слични висококвалитетни чајџилници,  со вкусови кои доаѓаат директно од Кина, Тајван и Јапонија. Сесии за медитација со дегустирање на чај и организирање на разни работилници е само дел од тоа што го нудат.

  1. Прошетајте и надвор од градот

Есента овозможува и пешачење низ унгарскиот главен град. Опкружен со зелен природен резерват, карпести мини-планини, високи над централниот дел на Будим, е оддалечен на само кратко возење со автобус. Сас Хил е обележје покриено со доломит, се протега на 30 хектари,   обиколено со панорамски пат, дом на ретката унгарски плодови, лисици и гуштери. Видиковецот обезбедува прекрасни погледи над поголемиот дел од Будим и Пешта, вклучувајќи далекусежни погледи над Дунав, замокот Будим, Парламентот, Тркалото на Будимпешта, Цитадела и Островот Маргарет. Центарот за посетители е отворен до 4-ти ноември.

  1. Направете добро дело со тоа што ќе јадете надвор

Јадењето и правење добро одат рака под рака во Будимпешта. Во текот на септември и октомври, три од градските брендирани хотели „Мариот“ ќе донираат едно евро во добротворни цели за секој ручек и вечера која ќе им се служи на гостите. „Деак Сејнт Кичен“ во Риц-Карлтон, „Пеперс Медитеренијан Грил“ во хотелот Мариот и „Олео Пацо Медитеренијан бистро“ во дворот на Мариот во центарот на Будимпешта, сите се дел од „Вие јадете, ние даваме“ иницијативата со цел да се соберат 400.000 евра за младински добротворни организации низ цела Европа во 2018 година. Средствата ќе се испратат на помалку привилегираните млади луѓе преку Младинските програми на СОС Детското село. Во меѓувреме, „Емпатија кафе“ во Будимпешта, управувана од Унгарскиот Црвен крст, претставува цела година дестинација за филантропски активности.

  1. Приклучете се на јавните церемонии на 23 октомври

На 23 октомври, историските локации во Будимпешта и дозволуваат на јавноста да присуствуваат на бесплатни настани за да го почитуваат херојското востание на Унгарците против угнетувачкиот советски режим во 1956 година. Од свечената церемонија за подигнување на знамето на Кошут тер до бесплатни тури низ Парламентот и специјални екрани во музејот Дом на теророт, разновидни атракции потсетуваат на унгарската историја и ги истакнуваат настаните и локациите на востанието. Исто така на овој ден, други поголеми музеи нудат бесплатен пристап до посетителите.

  1. Истражете го фестивалот на црна храна

Оние кои ја посетуваат Будимпешта може да „дојдат до темната страна“ каде имаат храна и пијалаци со  боја на јаглен на новиот фестивал. На 4 ноември, „Flow Specialty Bar“ е домаќин на првиот фестивал на црна храна во градот, со чоколадо, грав, ориз, лук, сладолед и чипс – се разбира, сите црни. Во согласност со принципите на барот, она што го има во нивното мени нема да содржи никакви состојки од животинско потекло. Диск-џокеите ќе вртат хитови за време на настанот што трае од 15:00 до 21:00. До крајот на оваа еднодневна прослава, жири ќе избере Црна Храна и Црн Пијалак за 2018 година.

  1. Присуствувајте на фестивалот „CAFe Budapest“

Од џез до поп музика, како и од видео-изложби до современи циркус- изведби, разновидни настани се одвиваат на различни локации низ целата земја од 5-ти до 21-ви октомври за CAFe фестивалот на современа уметност во Будимпешта. Сценските настани ќе се одвиваат на најпознатите локации во Будимпешта, вклучувајќи ја и современата Палата на уметностите, најсовремениот музички центар Будимпешта и товарниот брод А38.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com