Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Присилно отстранети фанови од концертот на Дуа Липа во Шангај

0

 

Видеа објавени на социјалните медиуми покажуваат дека безбедносните работници ги извлекуваат луѓето од своите места на концертот на Дуа Липа во Шангај, Кина. Проблемите со контрола на толпата не се невообичаени во Кина, а многумина велат дека овојпат луѓето биле исфрлени бидејќи се поддржувачи, или вееле знамиња за геј правата.
Видно вознемирена, Дуа и’ се обрати на публиката: „Сакам да создадам навистина безбедна средина за сите да се забавуваме“. Таа додаде: „Сакам сите да танцуваме. Сакам сите да пееме, сакам сите да си поминеме многу убаво. Би сакала во овие последни неколку песни за нас многу, многу да уживаме. Што мислите за тоа?“.
Хомосексуалноста не е нелегална во Кина, иако постојат анти-ЛГБТ ставови, а некои велат дека од неодамна е тренд да се отстрани ЛГБТ заедницата.
Една жена, која присуствувала на настанот со својата ќерка, изјави дека луѓето биле исфрлени „само за стоење“ за време на шоуто. Таа рече дека видела еден инцидент меѓу неколку безбедносни лица, полицијата и кинеска двојка. „Човекот го држеа околу вратот пред да биде отстранет“, рече таа. Таа ја опиша полицијата како многу агресивна.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com