ПРИРОДНИ МАСКИ ЗА ЛИЦЕ

0

 

Маските имаат благотворно дејство, ако се спроведуваат во просторија каде што е тишина, во лежечки став или во када за време на пенлива купка. Очните капаци треба да бидат заштитени со вата, натопена во камилица. Овде ќе дадеме неколку практични и корисни рецепти за маска на лице, кои можете сами да ги направите.

ОД МЕД

Се употребува за нормалн кожа. Ќе измешате лажица мед и лажица сок од лимон, па со таа смеса ќе ја премачкате кожата на лицето и вратот. Маската треба да стои на кожата 30 минути.

ОД ЖОЛЧКИ

За потхранета кожа, кожа која пука и како средство против брчки.Помешајте една жолчка со половина лимон, истругана кора од еден цел лимон и една лажица маслиново масло. Таа смеса нанесете ја на лице и држете ја ја 20 минути. Потоа, извадете ја со памук, натопен во топло млеко. Користете ја оваа маска, барем еднаш седмично, бидејќи одлично ја храни кожата.

ОД БЕЛКИ

Една белка добро измешајте ја со две супени лажици пченкарно брашно. Смесата се става на лице. Се остава да стои 15 минути, потоа, извадете ја со газа, а лицето измијте го со жечка, па со студена вода.

ОД МОРКОВИ

За нега на кожата и отстранување на брчки. Изрендајте на ситно ренде неколку моркови, па натопете ги со масло од рицинус. Таа смеса нанесете ја на лицето, држете ја околу 10-15 минути, потоа измијте ја со млака вода или чај од камилица. Оваа маска можете да ја користите еднаш седмично.

ОД СВИНСКА МАСТ

Се користи за исхрана и истегнување на лицето. Маската се состои од неколку грама свежа  топена свинска маст, која се нанесува на кожата додека се уште е топла. На лицето се остава 15-20 минути.

ОД БАНАНИ

За хранење на кожата. Добро испасирајте една банана додека не стане кашеста. Кашата ставете ја на газа и раширете ја преку лицето. Оставете ја делува 30 минути, па потоа лицето измијте го со чај од камилица или со топло неварено млеко.

ОД КОМПИР

За сите типови кожа. Тенко исечени парчиња од свеж компир, се ставаат на лице и се оставаат 15 минути. Потоа се отстрануваат од кожата со чај од камилица. Компирот наместо во парчиња, може да биде и изрендан.

ОД СПАНАЌ

За мрсна кожа. Иситнетиот спанаќ се меша со днаква количина кисело млеко, па таа смеса се нанесува на лицето, претходно измиено со топло неварено млеко. По 15 минути извадете ја маската повторно со топло неварено млеко.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com