Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

„Припитомување на кучката“, ново прозно мајсторство на Венко Андоновски

0

Во Клуб-ресторан МКЦ, на 6 декември (четврток), со почеток во 19 часот, ќе се случи промоција на новата книга на еден од најистакнатите современи македонски писатели, проф. д-р Венко Андоновски, насловена „Припитомување на кучката“. Книгата ја публикуваше издавачкиот центар ТРИ, а Венко Андоновски се јавува по подолго време со жанрот преку кој и стана познат во нашата книжевност – краткиот расказ.

Книгата раскази, „Припитомување на кучката“ е уште едно врвно дело на Андоновски, со кое тој се враќа на прозниот минимализам, потврдувајќи го своето прозно мајсторство. Најновата книга на Венко Андоновски доаѓа по исклучителниот „бестселерски“ успех на неговите романи „Папокот на светот“ (15 изданија) и „Вештица“ (9 изданија), како и по успехот на неговите драми, особено „Олово на перница“, „Генетика на кучињата“, „За секого има по една“ и „Господарот на кукавицата“.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com