Претстава за деца во чест на Денот на планетата земја

0

Во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар, на 22 април со почеток во 11:30 часот, во чест на Денот на планетата Земја, ќе се случи премиерна изведба на претставата за деца ,,ПРИРОДА или ОТПАД”.

Овој театарски зафат е работен според текст на едукативната боенка издадена во рамките на проектот: „Природата предупредува – активности на заедницата за заштита на биодиверзитетот“, кој е финансиран од Фондот за клима при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Главните улоги ги толкуваат Ненад Митевски како Стефан, Наташа Петровиќ – Сојката и Бојан Кирковски во ликот на чичко Црвчо. Дизајнот и костимографијата се на Воскресија Андреевска, додека автор на сценариото е Наташа Петровиќ.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com