Претседателот на Уганда не знае што работи Ким Кардашијан?!

0

Ким Кардашијан и Канје Вест моментално се на патување во Африка со нивната ќерка Норт, каде што се сретнаа со претседателот на Уганда, Јовери Мусевени. И очигледно претседателот Мусевени буквално немаше поим што работи Ким. Што е за право, голем дел од јавноста не го знае одговорот на тоа прашање.

Тие се состанаа со претседателот на Уганда, а кога претседателот ја прашал Ким зошто мора да замине рано, таа одговорила дека мора да се врати на работа. Претседателот потоа прашал каква е нејзината работа, а Ким, многу учтиво, рекла дека има телевизиско шоу со своите сестри и семејството и сите чекале таа да се врати.
Секако прашањето што сите си го поставуваме е: Ако тој немал поим што работи таа, која била тогаш целта на овој состанок?! Дали тој си рекол “Овие луѓе изгледаат кул, ајде да разговараме”. Или тој знаеше дека Канје е рапер, но не знаеше дека Ким е подеднакво, ако не и повеќе позната?
Најдобриот дел е што Канје му подари на претседателот на Уганда еден пар бели „Јизис“ (Yeezys) патики коишто тој и Ким го потпишаа.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com