Претекнувал со 160 км/час и директно се судрил со возилото од спротивен правец

0

Автомобилот во кој се возело едно од двете лица, што загинаа синоќа нешто по 22 часот на улицата „Првомајска“ на влезот од Драчево, пред моментот на смртта се движел со околу 160 километри на час.

Очевидци раскажуваат дека тој со оваа брзина тргнал да го претекнува возилото пред себе и директно се удрил во автобомилот од спротивната насока, со кој управувало другото лице кое загина. Официјално денеска се очекува соопштувањето од надлежните на причината за трагедијата.

До овој момент не се официјални ниту идентитетите на загинатите момчиња, единствено дека, според МВР, едниот е 21-годишниот Ш.С. од скопско Батинци, а другиот, З.Ѓ. има 48 години и е од Драчево.

Околните жители се шокирани од глетката на згмечени автомобили и мртвите тела на двете момчиња. Апелираат за оваа улица итно да се најде решение. Пред извесно време, на речиси истото место петмина луѓе ги загубија животите, на безмалку сличен начин. Во обид да претекнат друг автомобил се забија во камион од спротивната насока.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com