Премиера на „Јас сум актер – човек“

0

На 22 декември со почеток од 20 часот во галеријата „Колектив“, премиерно ќе се изведе новата претстава на режисерката Теа Беговска под наслов „Јас сум актер – човек“, во изведба на Никола Кузелов, Надица Петрова, Елизабета Стефановска и Даријан Петров. Автор на музиката е Енес Беговски.

Театарски перформанс кој зборува за човечката осаменост, за љубовта, за тоа колку се сакаме себе си, колку го сакам другиот до мене. „Толку се сакам себе. Лажам. Се сакам себе толку колку да се рече дека се сакам себе. Лажам. Дека се сакам себе. Лажам. Човек ли сум? Актер ли сум? Актер- човек или човек- актер? Кога си сам со себе си еден човек, кога си надвор си многу луѓе“.

– Овој перформанс обработува мигови од животот на еден човек, што прави кога е сам со себе дома. Сè она што се плашиме да го изговориме на глас, овие луѓе актери ќе го кажат. Публиката е дел од овие приказни, таа ќе биде сведок на секој миг што човекот го поминува кога е сам со себе. Интерактивен театрски перформанс кој говори за тоа дека ништото доволно, дека тоа ништо е сепак нешто што нè прави посебни секој сам за себе – истакна Беговска.

Претставата ќе има и своја реприза на 24 декември со почеток во 21 часот во „Колектив“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com