Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Прекрасни европски дестинации каде што беа снимени познати филмови

0

Никогаш не престанува инспирацијата за патување, нели? Како и да е, ако некогаш ја снема, можете да одберете локација според вашиот омилен филм или да ги посетите локациите на најпознатите светски класици. Секоја од нив е посебна, се наоѓа насекаде на нашиот континент, па можете да планирате една филмска турнеја во Европа. Подолу се дадени некои фантастични идеи.

„Мама Миа“

Иако во првиот дел можевме да го видиме прекрасниот Скопелос, Грција, оваа година излезе вториот дел од овој филм, со што фокусот го префрли кон нова дестинација, прекрасниот остров Вис во Хрватска.

„Робин Худ“

Пемброкшир веќе е награден за најдобрите плажи во Европа, и ова е првата причина да планирате одмор на оваа локација. Другиот го вклучува Робин Худ, кој беше игран од Расел Кроу на оваа локација.

„Џејмс Бонд“

Легендарниот, шести дел од омилениот таен агент Џејмс Бонд, „Во служба на нејзиното височество“, беше снимен во хотелот Есторил во Португалија.

„Невозможна мисија“

Дали знаевте дека Прага е местото каде што биле снимени многу од возбудливите сцени од „Невозможна мисија“ со Том Круз? Прага беше локацијата и многу други филмови: „Џејмс Бонд: Казино Ројал“, „Нарнија“, „Клетници“.

„Животот е убав“

Ако сте го гледале „Животот е убав“ на Роберт Бенињи, Пјаца Гранде останала врежана во вашето сеќавање. Иако филмот беше снимен на неколку локации во Арецо, Пјаца Гранде остана симболична локација на овој филм.

„Нотинг Хил“

Прекрасна приказна именувана по областа на западен Лондон, Нотинг Хил, веднаш нè враќа во крајот на деведесеттите и романтичната и возбудлива приказна со Џулија Робертс и Хју Грант.

„Хамлет“

Дури и ако не сте обожавател на Хамлет, замокот Данотар вреди да се посети. Билетите се до 10 евра, што е прилично ниска цена во споредба со другите замоци низ цела Европа.

„Хари Потер“

Замокот Алнвик, најверојатно, ќе го препознаете од сцените од Хогвардс од Хари Потер, и тоа и од првиот и вториот дел. Надворешноста и внатрешноста на замокот се искористени за многу сцени во овој филм за најпосакуваниот волшебник во светот

„Почеток“

Париз е еден од првите градови во Европа каде што се снимани многу филмови. Покрај сите познати локации, не пропуштајте да го видите и мостот Бир-Хаикем, каде што е сниман филмот „Почеток“ со Леонардо Ди Каприо и Марион Котијар.

 

 

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com