Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Презентација на проектот „Триаголници на соработка“

0

 

Во организација на тимот на независниот театарски колектив „Буден Театар“ на 13 ноември, со почеток во 13.00 часот, во просториите на Драмски театар Скопје ќе се одржи презентација на проектот „Триаголници на соработка“, поддржан од Швајцарската амбасада во Македонија,.

„Триаголници на соработка“ е 12-месечен проект кој се спроведува во Североисточниот и Пелагонискиот регион, со фокус кон зголемување на фрекфентноста и квалитетот на културните програми наменети за деца. Преку проекција на кратки документарни видеа, на завршниот настан ќе бидат претставени пренесеното знаење, стекнатите искуства, резултати и можности за одржливост. Настанот ќе го води тимот на „Буден Театар“ заедно со дел од учениците во проектот.

Проектот „Триаголници на соработка“, преку модел на соработка град-село-град спроведуван во два одбрани „триаголника “ Ресен-Крани-Подмочани, и Кратово-Злетово-Крилатица, работеше на поттик на заедниците да споделуваaт ресурси и капацитети во планирање, организирање и спроведување на културни програми за деца.

Моделот на соработка, преку проектните активности, се покажа како успешна алатка во зголемување на достапноста на културата до децата кои имаат лимитиран пристап до културни активности. Се верува дека овој проект ќе послужи како пример кој може да биде применет и во други региони во Македонија со цел зголемување на достапноста на културата до сите деца без оглед на нивното место на живеење.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com