Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Пред огнената стихија евакуирани Ким Кардашијан, Лејди Гага и други

0

 

Поради пожарите кои беснеат во Калифорнија евакуирани се стотици илјади луѓе. Поради силниот огин во Калабасас и Малибу евакуирани се многу личности од јавниот живот.

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан, глумицата Алиса Милано, режисерот Гиљермо дел Торо, се само некои од познатите личности кои мораа да ги напуштат своите домови.

Во Малибу е наредена евакуација, а пожарот што се проширил на 35.000 ари уништи поголем број куќи во Вестлејк Вилиџ и Оук Парк.

Околу 250.000 жители на Лос Анџелес и Вентура се евакуирани, а пожарникарите и натаму се борат со огнената стихија. Меѓу 150-те куќи што се уништени, огнот ја проголата и онаа на Кејтлин Џенер, риалити ѕвезда, некогашен олимписки шампион.

Пејачката Лејди Гага својата куќа ја напушти утринава, а на фотографијата што ја објави на Инстаграм се гледа огромен чад над нејзината вила.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com