Прв проглас од нашата најпопуларна манифестација ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА

0

РАДИО БУБАМАРА го обзнанува слоганот за претстојното издание на ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА, кој гласи:

ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ!!!

Драги наши ОТРУЕНИ и ЗАПОСТАВЕНИ граѓани, доколку сè уште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава – доаѓа денот кога можеме да се собереме и заедно да провериме, да се проветриме и да уживаме во најновото издание на ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА

Време е – ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ! – на музика, смеа и работа

Откако се ОДДАДОВМЕ – на лажење, крадење и НЕВЕРСТВА…

Ова е можност за просветлување и ВОСКРЕСНУВАЊЕ НА НАДЕЖТА

Како народ што си го бара своето, ќе Ве чекаме со камшик и Шик – пик – миг, па заедно со игра, песна и насмевки да ги поздравиме нашите најголеми уметници.

Ве молиме – немојте да бојкотирате, блокирате, манипулирате или да бегате за сите вас има по едно „седиште“ во СЕДИШТЕТО НА ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА.

Од нас добивте 22 години – па кој Ви има дадено повеќе?

ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ!

Настанот ќе се одржи во ВИП Арената БОРИС ТРАЈКОВСКИ на 21 февруари 2019.

ШТАБ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ, ГУШКАЊЕ И ДОБРА ЗАБАВА НА РАДИО БУБАМАРА 105,2 О2

Фото: Стефан Рајхл

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com